Македонија
Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1,8 милион евра на фирма што 5 години нема никаков приход
Раководството на СДС и ДУИ во МЕПСО дозволиле фирмата Шанси Инвест да биде фирма на која ќе и исплатат аванс од 20%, за набавка на уредот за корекција на напонски профил, иако истата од 2019 до 2023 година нема приходи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
„Шанси инвест првите приходи ги има во 2023 година, и тоа верувале или не само 18.000 денари. Истата оваа Шанси инвест во 2024 година добива тендер од МЕПСО под СДС и ДУИ од 10 милиони евра, сврзана со Далековод АД Загреб, кои очигледно ги користале за референци. И не само што МЕПСО доделило набавка од 10 милиони евра на Конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб, туку и во договорот се согласило аванс од 20% да исплати на Шанси инвест, фирма која 5 години нема никаков приход“, вели Петрушевски и додава:
„МЕПСО под СДС и ДУИ се согласиле да префрлат 1.87 милиони евра на Шанси инвест како аванс. ЈО не треба да чека, и веднаш да отвори истрага. Очекуваме одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

