Македонија
Пет нови заболени од коронавирус во земјава

Од седум нови случаи кои денеска беа тестирани, кај петмина има позитивни резулатати на коронавирус, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче. Тој објасни дека се работи за четворица од Дебар, кои имале контакт со првите заболени од овој град и една пациентка од Скопје.
„Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани во друга лабараторија кои треба да се потврдат утре во нашата лабораторија во ИЈЗ. Утрово беа тестирани седум лица кои ги најавив на утринскиот прес. Негативни се резултатите на трите лица од Дебар коишто беа во контакт со заболените“, рече Филипче.
Пациентката од Скопје има 54 години, а симптони развила пред четири дена. Таа кажала дека била во самоизолација, а се контактираат членовите на нејзиното семејство, возачот на таксито кое ја донело од скопскиот аеродром до дома, како и уште 31 лице кое патувало со неа во авионот.
Тој рече дека и во лабораторијата на болницата „Жан Митрев“ се јавиле лица со симптоми на грип, кај кои тестовите за коронавирус се позитивни. Но, тие дополнително ќе се испитаат во ИЈЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.