Македонија
Пиљаковски: Јас не сум автор на песните

Студентот Даниел Пиљаковски тврди дека тој не е автор на скандалозните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.
Неговото име стои под песните со „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ чии стихови се со недолична и дискриминаторска содржина. Пиљаковски вели дека песните ги напишал Александар Блажевски од Ресен кој аплицирал на конкурсот во негово име, затоа што бил постар од 29 години. Блажевски извесно време му држел часови по математика на Пиљаковски и оттаму се познавале.
Уредник на публикацијата, испечатена во тираж од 5.000 примероци, е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски. Тој на денешната прес-конференција изрази жалење и нагласи дека посебна комисија била должна да направи селекција на песните и писмено да го извести него како директор, доколку има некакви сугестии или забелешки. Тој ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза.
„Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме се што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професинална одговорност кај мене како директор“ рече Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.