Македонија
План за сообраќај на патнички возови
По повод измените во времетраењето на полицискиот час, кој сега трае од 19:00 часот до 5:00 часот во работни денови, и од 15:00 часот во сабота до 5:00 часот во понеделник, ЖРСМ Транспорт АД Скопје изготви нов план на возови кои ќе сообраќаат, при што некои возови нема да сообраќаат. Новиот план има важност од 27 април од 00:00 часот.
Од понеделник до петок
Возови кои ќе сообраќаат:
релација Велес – Скопје – Велес:
1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 9:15 часот,
2. воз бр. 2080 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 12:10 часот,
3. воз бр. 2081 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 13:20 часот, и
4. воз бр. 2082 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 14:24 часот.
5. од понеделник до петок ќе сообраќа ад хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 5:45 часот и пристигнување во Велес во 6:30 часот, (како врска за воз бр. 630 од Велес).
релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6:23 часот
2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 15:10 часот.
3. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме во 15:24 часот.
4. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување, со поаѓање од Гевгелија во 5:40 часот. ( од вторник до сабота )
релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6:57 часот
2. воз бр. 642 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Битола во 12:51 часот.
3. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот
4. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 6:00 часот. ( од вторник до сабота )
Во сабота
Возови кои ќе сообраќаат:
1. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 6:00 часот.
2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 5:40 часот.
Нема да сообраќаат возовите на следниве релации
o релација Скопје – Куманово – Скопје:
o релација Скопје – Кичево – Скопје:
o релација Скопје – Кочани – Скопје:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и „Зегин“ целосно опремија два кабинета за рана интервенција
Вчера беа пуштени во употреба два кабинети за рана интервенција во Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација, значително проширувајќи го капацитетот на Центарот за поддршка на децата од најмала возраст. Оваа активност е донација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и ја одразува нивната континуирана посветеност за унапредување на заедницата и создавање на поинклузивно и похумано општество.
Овие кабинети претставуваат наменски простории за рана интервенција дизајнирани да ја поттикнат комуникацијата, социјалната интеракција и когнитивниот развој преку структурирана игра и целни терапевтски активности. Покрај тоа, овие сензорни простори нудат опрема и алатки што им помагаат на децата да го регулираат сензорниот влез, да го подобрат фокусот и да изградат основни вештини за раст и развој.

„Веруваме дека секое дете заслужува можност да го достигне својот целосен потенцијал и горди сме што можеме да придонесеме во создавањето простори каде што децата можат да растат, да учат и да напредуваат“, истакна Викторија Механџиска. Оваа донација од Фондацијата д-р Верица Маханџиска и Зегин е продолжување на успешната соработка со Центарот на кој пред неколку месеци му се донираше и најсовремен апарат за транскранијална магнетна стимулација (TMS M50 Ultimate).

„ Опремувањето на двата кабинета за работа со деца со развојни потешкотии од страна на Фондацијата „Др Верица Механџиска“ и Зегин претставува голем чекор напред во создавањето подобри услови за нивно образование, рехабилитација и социјализација. Оваа и нивните претходните донации се пример за општествена одговорност и хуманост, покажувајќи дека заедницата може да биде силен партнер во создавањето инклузивно општество“ изјави Нермин Теловска, директор на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

Новите кабинети за рана интервенција од денес официјално ќе бидат отворени за семејствата. Со оваа донација се очекува Центарот да го зголеми бројот на деца опфатени во индивидуализираните програми за терапија кои ги нуди.
ПР
Македонија
Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара советничката група на Левицата во Центар
Советничката група на Левица во Општина Центар побара вонредна седница на Советот, поради како што истакнуваат, сериозните информации за активирано лизгање на земјиштето на падините на Водно, непосредно над населените делови на општината.
„Сметаме дека јавноста има право да знае што точно се случува, кои мерки се преземаат и дали причините за оваа појава се поврзани со долгогодишното и неконтролирано градење на ридот.
Од градоначалникот и надлежните очекуваме итен и одговорен одѕив, затоа што станува збор за потенцијален ризик кој директно влијае врз безбедноста на граѓаните. Потребно е да се утврди не само моменталната состојба на теренот, туку и пошироката слика – дали постојните градежни активности, прекумерната сеча, недоволната дренажа и преоптоварувањето на падините придонеле за појавата на свлечиштето. Од особено значење е да се добие прецизна информација колку активни градежни маркици сѐ уште постојат на овој потег, кои инвеститори стојат зад нив и дали воопшто е дозволиво продолжување на какви било активности без претходна ревизија“.
Овој рид, нагласуваат од Левица, веќе со години е жртва на алчни урбанистички политики креирани според интересите на градежното лоби, а не според јавниот интерес и безбедноста на жителите.
„Инсистираме на транспарентност, одговорност и итна интервенција. Безбедноста на граѓаните мора да биде над сите други интереси“, велат од Левица.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Нов скандал што мириса на корупција, власта дава 10 денари за килограм за неколку винарници наместо за лозарите
После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ.
„Според нашите информации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите. Оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник. Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за 3, туку за 10 денари по откупен килограм да им се додели на винариите! Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари“.
Според него, она што е запрепастувачки, е што периодот е само за откупено грозје во периодот од 17.09.2025 – 31.10.2025 година.
“Оваа наменска мерка на владата значи финансиска поддршка само за многу мал број на винарии, а не за лозарите. Зошто мал број винарии се поважни од лозарите? Второ, висина на финансиската поддршка од десетина милиони денари е оргомна а се однесува на мал број на корисници. Трето периодот за кој истата ќе важи. Го прашуваме министерот Цветан Трипуновски врз основа на која анализа е донесена ваквата мерка? Дали е дискутирана со подсекторската група и дали наидува на одобрување на производителите и откупувачите? Дали оваа мерка е креација на договор во четири очи и однапред се знае кој ќе ги добие парите?
СДСМ бара Владата да ја поништи оваа одлука веднаш бидејќи е на штета на лозарите и затоа што е основа за корупција, вели Димитриевски.
Побара, Антикорупциската комисија, Обвинителството и сите други надлежни институции за злоупотреба на парите на граѓаните да го испитаат овој, акко што рече, крајно коруптивен скандал и да реагираат.
„Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка. Трипуновски одби да ја објави производствената цена на најзастапените вински сорти Вранец и Смедеревка. Ова одбивање на почитување на Законот донесе срамни откупни цени за трудот на лозарите на сметка на откупувачите. Понатаму го одбија предлогот на СДСМ за носење на закон за доделување на финансиска поддршка од дополнителните 3 денари за предаден килограм грозје.
Нема пари за лозаропроизводителие, нема субвенции за одгледувачите за овци, млекопроизводителите, градинарите, органските производителите и регистрираните земјоделци.
Но очигледно власта има пари да дели и тоа по дополнителите 10 денари по килограм откупено грозје на мал број откупувачи кои дополнително се богатат на маката на лозарите“.
Потенцира дека корупцијата во земјоделството мора да биде запрена веднаш.

