Македонија
Пленковиќ: Имаше премногу неправда кон Северна Македонија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска му порача на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, дека неговата земја доживеала премногу неправда на патот кон Европската Унија и дека Хрватска ќе продолжи да се залага за забрзување на тој процес, пренесуваат хрватските медиуми.
„Мислам дека од македонска страна се направени толку многу отстапки, што ретко кој народ и ретко која земја би прифатиле да направат толку чекори од своја страна доколку не го забрзаат својот пат кон членство во Европската Унија“. Пленковиќ, кој го прими Мицкоски во Загреб, додаде дека е охрабрен од тоа што поддршката на народот на Северна Македонија за европска интеграција е сепак висока, околу 70 проценти.
Пленковиќ смета дека има премногу неправда кон Северна Македонија во повеќе од две децении и рече дека ќе се залага за побрзи преговори меѓу таа земја и ЕУ.
Пленковиќ рече дека „во овој момент билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија се поважни од коментарите на неколку јавни настапи по изборите во Северна Македонија“ и дека најважно е „формално да почнат преговорите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

