Македонија
Повик за сите домашни и регионални дизајнери за учество на Модниот викенд во Скопје
Модниот викенд Скопје, кој е дел од интернационалното здружение што го реализира проектот „Обединета мода“ (United Fashion ) и идната година ќе биде домаќин, објавува отворен повик за сите домашни и регионални дизајнери кои ќе учествуваат на Модниот викенд Скопје од 29 март до 1 април 2019 година.
,,Со нашите партнери ќе одбереме вкупно 36 регионални и дизајнери од Европа (Белгија, Франција, Португалија, Фландрија, Латвија, Германија и Велика Британија) кои ќе бидат учесници на претставувањето во Скопје за да го презентираат и запознаат модниот (текстилниот) пазар на Југоисточна Европа. Презентацијата ќе ја посетат интернационални купувачи и претставници на медиумите. Исто така, селектираните учесници ќе имаат шанса да учествуваат на средби за вмрежување и работилници“, се вели во повикот.
Активностите ќе вклучат презентација на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците од индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики од страна на селектираните дизајнери и букирани Б2Б средби помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и Носителот на ИЕ4, Сашко Јанчев, вчера присуствуваа на отворање на две нови канцеларии на локални ограноци на Левица во општина Могила и општина Росоман.
„Народот сè повеќе ги препознава идеологијата и вредностите на Левица, изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почиваат вистината, праведноста и еднаквоста“, велат од Левица.
Претседателот на Левица, Апасиев, како и носителот Јанчев, во своите говори нагласија дека ова е историски момент пресуден за зачувување на интегритетот на Македонија.
„Постојаниот раст на партијата е доказ дека народот ги препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова идеја чие време допрва доаѓа!“, се додава во соопштението на Левица.
Македонија
Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.
Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.
По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, се додава во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Македонија
Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо
Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.
Претходно министерот за правда Кренар Лога на социјалните мрежи потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски.
„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“
Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панчо Жежовски.