Македонија
Повторно искршен бугарскиот клуб во Охрид
Одново е искршен клубот „Цар Борис III“ кои дел од граѓаните го сметаат за бугарска провокација, а се наоѓа во центарот на Охрид. Повторно е причинета материјална штета, односно, искршено е стаклото од влезната врата. Од охридската полиција за го потврдуваат настанот кој се случил околу 19 часот.
„Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје“, велат од СВР Охрид за.
За настанот известен е јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Претходно, беше искршен излогот на просториите во кои е сместен клубот, но и таблата со името на контроверзниот бугарски цар.
Отворањето на просториите на клубот во Охрид кој носи контроверзно име се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваа присутните. Тие го спореа името „Цар Борис III“ затоа што историски гледано, е дел од фашистичка Бугарија. За овој случај има и предмет во Уставен суд.
Според измените на Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри во земјава имаат рок од три месеци да ги променат имињата на здруженијата. Второто здружение го носи името „Ванчо Михајлов“, исто така контроверзна историска личност, соработник на фашистите, а клубот се наоѓа во Битола и беше запален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

