Македонија
Повторно одложено судењето за „Талир”
Стартот на судењето за случајот „Талир”, кој се однесува на финансирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, денеска повторно по којзнае којпат се одложи. Овој пат причината е операцијата што ја имал обвинетиот Леко Ристовски поради кој беше одложено и вчерашното рочиште за предметот „Титаник”.
Првото рочиште за случајот беше закажано за 18 февруари годинава. Од тогаш стартот е одложуван во повеќе наврати од повеќе причини, меѓу кои болест и службено патување на некој од обвинетите, како и отсуство на адвокати од одбраната.
Адвокатот Дончо Наков денеска до судот достави писмо од Собранието за толкувањето на законот за СЈО во кое се вели дека не е започната процедура за толкување од причина што Владата сè уште нема испратено мислење до Собранието уште од 13 февруари годинава од кога и е испратено барањето. Наков напомена дека ќе испрати барање за ургенција на Владата за побрзо да се реши ова прашање.
Во предметот „Талир” за нелегално финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски. За случајот обвинета беше и Елизабета Чингаровска, која ја призна вината и доби условна казна.
Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година поднесе два обвинителни акта до Основниот суд Скопје 1 како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир”.
Од причини на целисходност ова јавно обвинителство ја раздвои постапката во предметот „Талир” и поднесе две обвиненија. Едниот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице – политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

