Македонија
Погодок од милион денари – храбар подвиг на играч на „Спорт лајф“ во Драчево

Викендов беше остварен новиот милионски погодок од играч на „Спорт лајф“ во Драчево. Вистински подвиг ако се погледне неговиот тикет со 11 пара натпревари и храбриот влог од 10.450 денари.
Искористувајќи ја зголемената понуда на фудбалски натпревари, се обложил на мечеви од шампионатите во Србија, Австрија, Чешка, Турција, Украина, Шведска. Повеќето парови ги типувал со играта да има најмалку по еден гол во двете полувремиња и тактиката се покажала успешна. Возбудата за нашиот играч започнала уште во 14 ч. со мечот на Инџија против Војводина, а со победата на Реал против Еибар, како и онаа на Салцбург против ЛАСК, милионот бил на повидок за обложувачот од Драчево.
По подолго време заживува понудата и возбудата на фудбалските терени, а со тоа и љубителите на овој спорт и обложувањето ги очекуваат можности за нови добивки со најразноврсната понуда на игри и секако онлајн обложувањето на „Спорт лајф“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Викендов казнети 1.077 возачи, најмногу од нив возеле без возачка дозвола

Во деновите од изминатиот викенд (07./08.06.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, од вкупно 1.077 издадени платни налози дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 возачи возеле под дејство на алкохол и исклучени се од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање, додека пак санкционирани се 58 лица кои некористеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети.
Исто така, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Експресниот пат не е автопат, кампања на МВР со РСБСП

„Експресен пат” е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини, велат од МВР кое заедно до РСБСП објавија промотивни видеа.
Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот.
Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила.
Најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак.
Престигнувањето е дозволено исклучиво кога има добра прегледност и има обележана испрекината линија на коловозот.
Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно Законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места.
Возачите мора да внимаваат, да држат безбедно растојание и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Експресниот пат нуди брзина – но, само кога се користи правилно и одговорно.
Експресниот пат не е автопат и нема посебна сообраќајна лента за престигнување.
На експресен пат, престигнувањето може да се изврши само кога тоа е дозволено, безбедно – и исклучиво на делови од патот каде е обележано со испрекината линија и доколку не ги попречува возилата кои се движат од спротивната насока.
Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи” простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење.
Престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија, е строго забрането и претставува сериозен ризик.
Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди… и загубени животи.
Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.
На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 101 возило во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.06. до 08.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.