Македонија
Поддршката за уставните измени не значи гласање „за“ или „против“ Владата, туку значи поддршка за Македонија, вели Петровска
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во Министерството се сретна со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, со која разговараше за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО преку учество во мултинационалните сили на алијансата на источното крило.
„Руската агресија врз Украина и целосното непочитување на воспоставениот меѓународен правен поредок ни покажа дека мораме постојано да бидеме будни и посветени на одбраната на нашите вредности – нашата демократија, слобода и сувереност. Благодарност до нашите канадски сојузници под чие водство припадниците на македонската Армија и другите сојузници во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија ја зацврстуваат безбедноста на сите членки на НАТО“, рече Петровска.
Канадската министерка за надворешни работи, Жоли, истакна дека Канада високо го цени учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Латвија и порача дека тие се значаен дел од колективната безбедност на алијансата и сигурноста на сите земји членки.
Жоли потенцира дека Канада, иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот и за понатамошен развој на трансатлантската соработка. Жоли го поздрави ставот на министерката дека уставните измени неодложно треба да се донесат бидејќи претставуваат потврда на мултикултурализмот во земјата, а Канада како мултикултурна држава тоа го разбира и поддржува. Поддршката за уставните измени не значи гласање „за“ или „против“ Владата, туку значи поддршка за Македонија, рече Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

