Македонија
Поднесена првата кривична пријава за недозволено фрлање смет во Скопје
За првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција за чистење и уредување на јавните површини.
Тој порача дека локалните власти нема да прават компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град.
Големата акција за чистење и уредување на јавните површини ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини. Акцијата денеска се одвива во општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
„Станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините. Во секоја општина веќе се поставени по три пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места“, рече Шилегов.
Акцијата за чистење и уредување на градот ќе опфати расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење дрвја и косење трева и пополнување ударни дупки. Во општината Кисела Вода денеска ќе бидат расчистени неколку диви депонии, ќе се чисти Усјанскиот Канал, ќе се пресечат неколку стари и исушени дрвја, а ќе бидат исчистени и повеќе улици.
На почетокот на акцијата за чистење на улицата Христо Татарчев присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.
Акцијата за генерално чистење на Скопје продолжува и утре, во другите пет градски општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

