Македонија
Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави
Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата, кои се стари и по 30 години, нема да бидат заменети.
„Сепак, снегот нема да го изненади ЈП ‘Македонијапат’“, вели јавно директорот Гајур Кадриу, но не е дециден дека претпријатието ќе успее да се справи со снежните наноси.
Бидејќи имаат недостиг од работници, Кадриу на чистење снег ја праќа администрацијата.
Доколку има снежно невреме, Кадриу само се надева дека патиштата ќе бидат исчистени. „Македонијапат“ ќе дејствува според акцискиот план, но патиштата може да станат лизгалишта оти механизацијата се расипува, а голем број вработени, поради старосната граница, заминуваат во пензија.
„Не можеме да се пофалиме со соодветна механизација. Купуваме делови за старата механизација и ја поправаме. Оваа година имаме поголем проблем со вработените, односно тие одат во пензија, а досега немаме ниту еден нов вработен. Недостигаат најмалку 150 работници, а немаме дозвола за распишување конкурс за вработувања. Администрацијата излегува да работи на терен и им помага на возачите“, вели Кадриу за „Макфакс“.
Тој вели дека сите магистрални патишта вчера навреме биле исчистени. „Снегот може да ги изненади неорганизраните држави, но не и нас. Ние сме пресметале сè со нашите акциски планови, кои се направени според позитивните законски прописи на Министерството за транспорт и врски. Сè што е напишано, ќе биде организирано и ќе се реализира како што е предвидено“, додава директорот на ЈП „Македонијапат“.
Но, граѓаните на социјалните мрежи утрово објавија фотографии на кои се гледа дека некои од патиштата се заледени и покриени со снег.
„Од ’Македонијапат’ се изненадени од снегот како и секоја година. Да почекаме сонце да огрее или ќе поработите малку. Патот Демир Капија-Смоквица во должина од 30 километри не е исчистен“, се вели во една од објавите, а директорот Кадриу демантира и вели дека тој патен правец бил петпати исчистен, и тоа во придружба на сообраќајна полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

