Македонија
Политичари влегоа голтари, излегоа како милијардери – побарајте им потекло на имот, немаат пријавено, порача Мицкоски
Не треба спуштање на дебатата на ниво на естрада за да се провери потеклото на имот на политичарите кои влегоа во политика како голтари, а излегоа како милијардери. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои побара да се направи потекло на имот на политичарите. Според него, не треба нов закон или законски измени за ова да се реализира. Има легислатива која може да се примени.
„Во политиката имаме многу политичари кои влегоа голтари, излегоа милијардери. Ценам дека имотот на голем дел од тие политичари и нивниот потесен круг на семејство во прв ред – изнесува во милијарди. Пред да влеземе во ветинг на Судството кој е памфлет од барање, јас сметам дека треба да се искористат постојните законски надлежности кои ги има Управата за јавни приходи и другите институции и да направиме ветинг на политичарите. Еве, нека почнат од мене и моето семејство, како прв пример. Јас се ќе ставам на увид и ќе покажам потекло на имот. Во Македонија можете да го видите едноставено потеклото на имотот. Доволно е да видите само луксузни недвижности, да видите колку луксузни автомобили се возат и ќе видите кои се тие луѓе. Побарајте им го потеклото на имотот ќе видите дека немаат пријавено ниту еден процент од тоа кое го поседуваат“, рече Мицкоски.
Порача дека не треба да се спушта дебатата на ниво на естрада, туку да се искористат законските можности и да се провери имотот на политичарите и нивните семејства.
„Ќе ви стане јасно кој и како ја крадел и пљачкал Македонија“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

