Македонија
Полиција пред ИВЗ, тензии за тоа кој да биде нов поглавар
Тензично e попладнево пред седиштето на Исламската верска заедница (ИВЗ), каде што се одржува состанок за смена на поглаварот Сулејман Реџепи. На негоово место треба да седне Скендер Бузаку.
Бузаку, претендентот за нов поглавар, изјави дека ИВЗ треба да ја почитува судската одлука, тој да биде новиот поглавар.
Тој ова го кажа пред да влезе на состанокот во ИВЗ каде што атмосферата била тензична бидејќи актуелниот поглавар, Сулејман Реџепи, се противи да ја напушти функцијата.
„Има судска одлука, таа треба да се почитува. Се шират шпекулации за некаков преврат, но тоа не е точно, си има закон и тој треба да се почитува“, изјави Бузаку.
Пред ИВЗ попладнево има видливо присуство на полицијта откако се прошири веста за наводно ескалирање на ситуацијата и обид за преврат.
Засега нема информации дали имало посериозни инциденти, а состанокот сè уште трае.
Досега и претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.
Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив.
Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден.
Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован Кристител во реката Јордан.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Над 220 граѓани денес ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
Посебен режим на сообраќај
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.
Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.