Македонија
Попови и оџи на протест против коцкањето во Тетово
Попови и оџи му дадоа поддршка на протестот против коцкањето, што го организира Движењето против коцкањето на плоштадот во Тетово. Пред насобраните граѓани поп од архијерејското намесништво и оџа од тетовското муфтиство одржаа говори за тоа колку е штетно коцкањето, кое, според нив, е верски грев, односно зло што ги напаѓало душите на младите. Од протестот тие испртатија порака дека против овој порок требало заеднички сите фактори во општеството да се борат, па, како што рекоа, затоа и му дале поддршка на протесот.
Инаку, од Движењето против коцкањето имаат три барања што се однесуваат на оддалечување на обложувачниците и казината на најмалку три километри од градот, издвојување 5 проценти од профитот на обложувачниците за рехабилитација на жртвите од коцкање и изготвување образовна стратегија во која ќе има информации за последиците од коцкањето.
Тие очекуваат дека овие барања ќе бидат прифатени како амандмани на предлог-законот за игри на среќа. Побараа и јавна дебата за предлог-законот. Најавија дека ќе протестираат сè додека не се уважат нивните предлози. Протесот го поддржа и градоначалничката Теута Арифи, која исто така беше меѓу учесниците на тетовскиот плоштад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

