Македонија
В недела посебен сообраќаен режим поради Скопскиот маратон 2018
Поради претстојниот „Визер – Скопски маратон 2018“, организиран од страна на Сојузот на спортовите на Скопје и на кој е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји од светот, в недела со почеток во 8.30 часот, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ги информира граѓаните за трасата по која ќе се одвива трката, при што тие сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај.
За трката на 5.000 метри предвидена е следната траса на движење: преку плоштадот Македонија, преку Камениот мост, лево покрај новиот театар, па лево преку мостот „Гоце Делчев“ до булеварот Илинден и по него лево по улиците Рузвелтова, М. Т. Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври и пред портата „Македонија“ се врти лево на плоштадот Македонија, каде што е целта.
Потоа, за т.н. полумаратон, односно трка на 21 километар: стартот е од плоштадот Македонија преку Камениот мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот „Гоце Делчев“ по булеварот Илинден лево по улиците Љубљанска и Московска, десно по „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците М. Т. Гологанов, Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, по булеварот Трета Македонска бригада, улицата „Фрањо Клуз“, булеварот Јане Сандански до крајот пред семафорот со булеварот Србија, каде што се врти назад по булеварот Јане Сандански и улиците Фрањо Клуз, Крушевска Република, 11 Октомври, се влегува низ портата „Македонија“ и на плоштадот, каде што е и целта.
И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.
Поради сето ова, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Апелираме до граѓаните за разбирање и почитување на посебниот сообраќаен режим во текот на одржувањето на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.