Македонија
Постигнат одреден напредок во работата на заедничката комисија со Бугарија

Во заедничко соопштение на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија е наведено дека на 24 и 25 февруари во Софија била одржана 17-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.
Средбата, како што е наведено во соопштението, поминала во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе, како што е напишано, за постигнување одреден напредок во работата на заедничката комисија.
„Во рамките на заедничката седница на владите на Бугарија и Северна Македонија, што се одржа на 25 јануари, копретседавачите на комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на мај. Членовите на комисијата ја потврдија посветеноста за одржување активен дијалог. Се планира следната средба на комисијата да се одржи кон крајот на март или почетокот на април во Скопје“, стои во писмениот допис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.