Македонија
Потврдени 101 случај на новозаразени, починаа 5 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-13, Дебар-1, Штип-3, Тетово- 19, Струга-1, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-1, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од: Скопје-11, Тетово-10, Велес-1.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2498, активни 1699
• Куманово 692, активни 239
• Дебар 82, активни 30
• Штип 267, активни 210
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 534, активни 325
• Струга 170, активни 90
• Велес 165, активни 32
• Битола 40, активни 11
• Охрид 99, активни 80
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 82, активни 54
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 12, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 14, активни 12
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 59, активни 58
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 776 теста се преку: ИЈЗ –346, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена –90, Биотек –130, МАНУ -137, Жан Митрев (Филип Втори) -60 и Судска медицина-0. До праќање на извештајот во ИЈЗ не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку стигнат, ќе бидат внесени во утрешниот извештај. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 384
• Аеродром – 130
• Бутел – 140
• Гази Баба – 153
• Центар – 133
• Карпош – 114
• Сарај – 130
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 77
• Студеничани – 84
• Шуто Оризари – 69
• Арачиново – 55
• Илинден – 30
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.