Македонија
Лоазо до Заев: Треба да се изоди дел од патот, а тука се и реформите
Министерка за европски прашања при Министерството за Европа и за надворешни работи на Француската Република, Натали Лоазо, на денешната средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, ја истакна поддршката на Франција на патот кон ЕУ, таа ги поддржа храброста и визијата во постигнувањето на договорот од Преспа и отворениот процес на влегувањето во НАТО.
„Нема сомнеж за Франција дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија“, додаде министерката Лоазо, која дополни дека треба да се изоди дел од патот, а тука ги посочи реформите значајни за европските перспективи.
На средбата е истакнато како многу важна имплементацијата на донесените реформски закони, посебно во делот на обезбедувањето правна држава и на одбраната.
На средбата беше потпишана спогодба помеѓу владите на двете држави којашто се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки и имаше изјави за јавност.
Оценето е дека спогодбата, со којашто се зголемува фондот на часови по француски јазик во средните училишта и воведувањето франкофонски двојазични паралелки, е чекор во насока на унапредувањето на соработката помеѓу двете држави, за што постои интерес од двете страни.
И премиерот Заев во изјавата посочи дека денешниот настан во Скопје е значаен доказ за пријателството помеѓу двете земји.
„Спогодбата што ја потпишавме во областа на образованието е силна политичка порака дека во Франција гледаме голем пријател и партнер во реформите и напорите за напредокот на нашата држава, како на домашен така и на меѓународен план“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата посебно се заблагодари за поддршката од францускиот претседател Макрон и на Владата на Француската Република во реформите и зајакнувањето на билатералната соработка.
На средбата беше посочено дека земјите од Западен Балкан се дел од Европа и дека сè што е добро за Балканот е добро и за Европа.
Се разговараше и за важноста на претстојните европски избори и за реформирањето на една силна, зајакната, интегрирана Европа.
Договорено е да се обрне внимание и на потребата на зајакната соработка во борбата против тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

