Македонија
Потпишан колективен договор за вработените во Агенцијата за национална безбедност
На денот од годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев и Директорот на Агенцијата за национална безбедност(АНБ) Виктор Димовски го потпишаа Колективниот договор за вработените во АНБ.
„ Потпишувањето овој Колективен договор претставува чин на унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени правата од работен однос на вработените во Агенцијата за национална безбедност(АНБ) за што ние како Македонски полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во АНБ сме и тоа како задоволни бидејќи успеавме да направиме за еден од најдобрите Колективни договори во земјава“ соопштија од Синдикатот.
Со колективниот договор, како што велат се подобруваат и унапредуваат правата од работен однос а со тоа се подобрува економско социјалната состојба, се имплементират мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на Колективниот договор ќе се стекнат вработените во АНБ.
На свечениот настан покрај Претседателот Кицев, присуствуваа и Генералниот секретар Киро Трајковски и Потпретателите Горанчо Јовановски и Борче Грујоски кои водено беа преставниците од Македонскиот полициски синдикат кои како членови на работната група изминатите месеци работеа на изработката на Колективниот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеничките делеа флаери на стартот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“
Пратеничките денеска ја започнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“, излегоа на терен и делеа информативен флаер на граѓаните кој беше изработен на иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со цел директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките.

Во непосредна комуникација со луѓето разговараа за важноста од препознавање и пријавување на насилство, како и за потребата од посилна институционална поддршка.
Пратеничките истакнаа дека непосредниот контакт со граѓаните е важен затоа што овозможува размена на информации, но и слушање на реалните проблеми и предизвици со кои луѓето се соочуваат. Тие нагласија дека секој граѓанин треба да знае каде може да се обрати и каква поддршка постои доколку се соочи со насилство.

Ова е само една од серијата активности кои ќе продолжат во следните денови во рамките на кампањата.
Македонија
Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра
Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра.
Полициски службеници од Единицата за финансиски криминал ги уапсија Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје, Т.Д.(58) од Куманово, поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и државен советник во периодот 2021-2022 година и М.П.(68) од Скопје, вешто лице.
До Јавното обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Исто така ивршени се претреси на пет локации во Скопје, Куманово и Тетово.
Имено, лицата делото го сториле така што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д. во својство на овластени лица ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба на начин што иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви (чл.7 ст.2, чл.9-а, чл.12, чл.13, чл.19, чл.21 и чл.22) и изготвиле записник од 2022 година во кој дале заклучок за прифаќање отпис на кусок во количина од 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна од складиштето „Агро берза“ Скопје, кој бил доставен со информација до Влада на РСМ заради усвојување на Заклучокот од Владата, знаејќи дека кусокот се однесувал за период од 2007 – 2021 година. Истите знаеле дека нема законска основа да се земе предвид тој период од причина што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната меркантилна пченица и јачмен и во извршените контроли од Агенцијата до 2019 година, секоја година бил вршен надзор и не бил констатиран кусок, а секоја година им било доставувано решение за кало.
Додека, пријавениот М.П. како надворешен соработник, вешто лице ангажирано преку Бирото за процена постапил спротивно на одредбите од Законот за процена (чл.3 и 4) и спротивно на чл.3 од договорот за услуга склучен помеѓу пријавениот и Бирото за судски вештачења, при што изготвил вешт наод во кој внел невистините податоци, не земајќи ги во предвид сите податоци и целокупната документација од Агенција за стоковни резерви Скопје и ЈП „Агро берза“. Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Влада и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стоковни резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 29.112.000 денари или 473.365 евра (во моментот на отписот по цените кои се набавувала пченицата и јачменот во 2022 година, вредноста на истата изнесувала 48.000.000 денари или 780.487 евра), која вредност преставува штета на Буџетот на РСМ.
Македонија
Потпишан Анекс на Протоколот за размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Фондот на ПИОМ
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци.
Со него се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции.
„Сметам дека соработката меѓу нашите институции е на задоволително ниво. Со потпишувањето на Анексот ќе се придонесе размената на податоците да се одвива подобро и ќе се овозможи полесно остварување на правата од ПИО“, рече Мемов.
Тој додаде дека секој чекор што ќе придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од ПИО е за поздравување.
„Со овој Анекс ќе се придонесе соработката помеѓу Управата и Фондот да биде уште подобра и попрецизна“, рече Петрова.
Таа нагласи дека од големо значење е размената на искуствата и континуирани средби за да се решаваат проблемите кои се појавуваат во секојдневната работа, со што ќе се придонесе во подоброто остварување на надлежностите.
На средбата стана збор и за други прашања од интерес на двете институции.

