Македонија
Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции
Министерството за надворешни работи и Инфо-центарот за евроатлантски интеграции потпишаа меморандум за соработка.
Со овој документ, кој беше потпишан денеска во Министертвото од страна на министерот Никола Димитров и Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација „МОСТ“, којашто го имплементира проектот Инфо-центар за евро-атлантски интеграции, ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евро-атлантските интеграции којашто ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање промотивни настани и други активности, соопштија од МНР.
„Министерството за надворешни работи и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција, едукација, обука, давање помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.
Исто така, преку склучувањето на овој меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евро-атлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО“, се наведува во соопштението на МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара
Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот на затворот, Зоран Јовановски. Ги посетил синоќа, неколку часа откога завршија во болница оти вдишале чад гаснејќи го пожарот во затвореното женско одделение.
„Тие и вчера се чувствуваа подобро, но лекарите рекоа дека вдишаниот чад може да има одложено разложување, па затоа беа задржани за да бидат под надзор. Веќе утре, како што ни е кажано, ќе бидат пуштени дома. Четворицата чувари, заедно со полицајците и војниците, кои се во затворот, го гаснеа пожарот. Огнот не беше толку голем колку што беше чадот. Се запали душек направен од сунѓер, кој воопшто не е по стандардите за опрема во затвори оти може да вивне во пламен и од обичен отпушок. Не требало воопшто да бидат набавени такви душеци, но тука се. Изгорен е само еден душек, другите се само оштетени оти интервенира и пожарната за да не се прошири огнот и во другите простории“, вели директорот Јовановски за „Макфакс“.
Во собата во која избувнал пожарот, како и во другите соби во затвореното женско одделение во „Идризово“, сместени се пет затворенички. Директорот Јовановски не ја исклучува можноста пожарот да бил подметнат, но очекува МВР тоа да го утврди.
„Сунѓерот од кој е направен душекот е високозапалив, можно е да се работи за невнимателност, но можно е и да е намерно запален. Тоа ќе го утврди МВР. Дојде увидна екипа, направи разговори. Очекуваме истрагата да покаже што се случило“, рече директорот Јовановски.
Собата во која избувнал пожарот е испразнета и најбргу што може ќе биде реновирана.
За една година и два месеца, колку што тој е директор на затворот „Идризово“, Јовановски вели дека ова е прв пожар во затворските соби. Пред една недела во пожар изгоре неговиот службен автомобил, а изминатива една и пол година изгореа седум возила на вработени во затворот „Идризово“.
Македонија
ДИК: Одѕивот до 15 часот е 34.87 отсто
До 15 чaсот од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места гласале 1.574, односно 34.87 отсто, објави Државната изборна комисија.
Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи, односно 43,10 %;
Во ИМ 1194 во Крушево гласале 197 гласачи, односно 42 %;
Во ИМ 1202 во Крушево гласале 67 гласачи, односно 22,48 %;
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 226 гласачи, односно 31,79 %;
Во ИМ 1470 во Долнени гласале 173 гласачи, односно 26,29 %;
Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 184 гласачи, односно 29,11 %;
Во ИМ 1844 во Струга гласале 299 гласачи, односно 39,71 %.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024 до 15 часот, на ова прегласување се забележува зголемен одѕив за 1,21 % на овие избирачки места.
Македонија
(Видео) Трипуновски: Со земјоделците и откупувачите договориме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир.
– Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм, а потоа се договоривме да оствариме уште една средба се со цел да го средиме и останатиот дел од пазарот. – изјави Трипуновски.
Трипуновски рече дека успеале заеднички да се договорат за условите и можностите за понатамошниот тек на откупот на млад компир.
– Денес постигнавме договор кој не е идеален, но е преодно решение во овие тешки моменти кои ги наследивме од Владата на СДС. Во иднина ние како Влада предвреме заедно со земјоделците и откупувачите ќе креираме мерки и стратегии за да немаме повеќе вакви несакани ситуации. – заврши Трипуновски.