Македонија
Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1 лице.
Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти од: Скопје – 690, Куманово – 130, Тетово – 82, Струмица и Кичево – по 60, Велес – 58, Прилеп – 45, Штип – 39, Охрид – 37, Битола – 36, Гостивар – 32, Делчево – 29, Струга – 25, Свети Николе – 24, Ресен – 19, Радовиш – 18, Кочани и Кавадарци – по 17, Дебар – 14, Крива Паланка – 11, Виница – 9, Гевгелија – 8, Македонски Брод – 5, Неготино, Берово и Демир Хисар – по 4, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево – 2, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89 г, 81 г, 79 г, 79 г, 79 г, 76 г, 70 г, 70 г, и 61 г), 3 починати лица од Куманово (74 г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83 г), Кичево ( 63 г) и Прилеп (59 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.9.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Направени се 3.491 тестови преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-37,
ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-187, Биотек-333, Систина-65, лабораторија Лаор-147, Синлаб-9, Ремедика-16, Плодност–19, Генеа-10, Никоб лаб-316, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-46, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.383.
Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 86640, Активни 2932
Куманово 11970, Активни 455
Тетово 10923, Активни 91
Прилеп 9295, Активни 207
Гостивар 7992, Активни 35
Битола 7283, Активни 175
Велес 6586, Активни 271
Кавадарци 6122, Активни 157
Охрид 6098, Активни 187
Штип 5991, Активни 183
Струмица 5861, Активни 128
Кичево 4059, Активни 79
Струга 3820, Активни 33
Кочани 3439, Активни 139
Гевгелија 2509, Активни 80
Неготино 2345, Активни 22
Свети Николе 1965, Активни 65
Радовиш 1568, Активни 42
Ресен 1565, Активни 33
Крива Паланка 1536, Активни 100
Дебар 1453, Активни 6
Берово 1222, Активни 12
Делчево 1136, Активни 18
Виница 1070, Активни 29
Пробиштип 972, Активни 52
Валандово 839, Активни 13
Кратово 628, Активни 45
Богданци 573, Активни 19
Крушево 541, Активни 11
Македонски Брод 476, Активни 3
Демир Хисар 468, Активни 29
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 341, Активни 42
Пехчево 318, Активни 3
Дојран 142, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

