Македонија
Почина бизнисменот од Штип, Ванчо Богдов, кој им ја отстапи фабриката на работниците
На 63-годишна возраст почина штипскиот бизнисмен Ване Богдов.
Богдов кај јавноста беше запаметен како бизнисмен кој на почетокот на минатата година својата конфекција „Вабо“ им ја предаде на управување на вработените.
На работниците им ја даде на користење фабриката со целата опрема во неа, при што, како што тогаш најави, во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, ќе наплаќа минимална кирија.
Тој синоќа околку 21 часот бил на прошетка на Пешачкиот мост во Штип каде доживеал срцев удар. Според написи на локални медиуми, студент по медицина успеал да го реанимира, по што веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Штип, но за жал не преживеал.
Неговите сограѓани ќе го паметат како голем хуманист, а на градот под Исарот му ја остави и уникатната црква „Свети Константин и Елена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

