Македонија
(Видео) Заев потврди дека Стево Пендаровски е кандидатот за претседател
Започна средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и останатите коалициски партнери и за кратко се очекува да биде соопштен заедничкиот кандидат за претседател со кој ќе настапат на изборите во април. Како што претходно објавивме,заедничкиот кандидат што ќе го соопшти Заев ќе биде Стево Пендаровски. Премиерот Зоран Заев потврди дека СДСМ ќе им го предложи Пендаровски на ДУИ и на останатите коалициски партнери како кандидат за претседател.
На средбата во хотелот ,,Хилтон” се присутни и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Горан Мисовски од НСДП, Амди Барјам, Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка за Македонија, претседателот на Беса алтернатива, Африм Гаши.
Кандидатурата на Пендаровски останува да биде соопштена по состанокот, а конечна одлука ќе донесат делегатите на партиската конвенција в недела.
Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори. Тој во моментов е национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО.
Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството.Во изминатите 11 години беше професор на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Од 2001 до 2004 година беше советник за национална безбедност на претседателот. Од 2004 до 2005 година беше претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година беше ангажиран како советник за надворешна политика на претседателот. Од 2016 до 2017 година беше пратеник во Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.

