Македонија
Почна судењето на Панчевски, одбраната бара укинување на притворот
Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, седна на обвинителната клупа во Велешкиот суд. Тој рече дека не го разбира обвинението и побара увид во доказите.
Неговиот адвокат Петро Јанура по рочиштето изјави дека бараат да му биде укинат притворот на Панчевски, бидејќи во предметот не постои материјален доказ, односно правосилна судска одлука на Врховен суд, Панчевски да биде разрешен од функцијата.
Адвокатот вели дека Панчевски има имунитет и не може да биде во притвор и да не се брани од слобода.
„Судот не можел да му изрече мерка притвор без одобрение на Судскиот совет“, рече Јанура, кој е дециден дека притворот е незаконит. Според него, во предметот не постои материјален доказ, односно правосилна судска одлука на Врховниот суд по жалбата на Панчевски.
Сепак, од Врховниот суд денеска излегоа со соопштение дека Советот за одлучување по жалба расправал по повод жалбата на Владимир Панчевски, поднесена против одлуката на Судскиот совет и против решението на советот.
„На седницата одржана на 26.6.2020 година Советот за одлучување по жалба донесе решение со коешто жалбата на жалителот ја одби како неоснована, а ја потврди одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.12.2019 година заведена под бр.08-22/40 од 30.12.2019 година и решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-22/4 од 17.07.2019 година“, велат од Врховниот суд.
На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Судењето против Панчевски продолжува во понеделник. Тој е обвинет за злоупотреби на АКМИС-системот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

