Македонија
Почнува постапката за одлагање на пописот
Со 95 гласа „за“ и со 7 „против“ на пратениците од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, Собранието го усвои предлогот да се расправа за измена на Законот за пописот со кој оваа статистичка операција ќе се одложи за септември, а доаѓа по средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пратениците едногласно со 102 гласа го усвоија предлогот да се расправа и да се донесат измените на Изборниот законик кои предвидуваат употреба на отпечаток од прст на локалните избори и нивно одложување за втората половина на октомври. Собранискиот спикер по гласањето на предлогот, констатира дека конечно Собранието е одраз на договор и покажало дека има демократски капацитет.
„Ова е знак на демократијата во пракса, ова е показател дека пратениците знаат да се усогласат и едногласно да носат одлуки, ова е добар пример за граѓаните што ги претставуваме“, рече Џафери.
Против одложување на пописот се Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои најавија дека нивниот став нема да се промени затоа што сметаат дека пописот се одлага од политички не од здравствени причини. Тие најавија дека одложувањето на пописот ќе го блокираат со амандмани на собраниските комисии.
„Барам да не го поддржи ДУИ овој закон, за да не се повтори 2011 година, кога пропадна пописот. Ако го поддржите, тогаш ќе сметаме дека сте против интересите на Албанците. Албанската опозиција нема да молчи, како што не молчевме за Законот за државјанството, така нема да молчиме ниту за пролонгирањето на пописот, кое не е од здравствени туку од политички причини“, рече пратеникот Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците.
На прозивката во име на ДУИ , одговори пратеникот Арбер Адеми, кој истакна дека нема да ја поддржат опозицијата поради својата неодлучност и неконзистентност.
„Пратениците од ДУИ се важни во оваа Собрание, затоа што прават визионерски политики, не случајно граѓаните ни даваат нам поддршка. А вие што правите, еден став имате рано наутро, вечер друг, а утре се будите со трет. Кој ваш став да го поддржиме? Сами барате средби со Заев и со Мицкоски, а не одговарате на поканите кои ние ви ги нудиме, политики за кои да ве поддржавме“, рече Адеми.
По изгласаниот дневен ред на кој се овие две предложени законски решенија, по барање на пратеникот Скендер Реџепи, спикерот Талат Џафери даде пауза од еден час, а матичните комисии ги задолжи да расправаат по двете точки. По разгледувањето во комисиите, предлозите се враќаат на седницата на која пратениците ќе треба да ги изгласаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

