Македонија
„Пошта“ месецов склучува договор со Халк банка, платниот промет ќе почне до март
Речиси десет милиони евра долг, кој е генериран по разни основи, наследил новиот генерален директор на „Пошта“, Јани Макрадули. Тој за долговите вели дека не се директно виновни оние што раководеле со „Пошта“, туку владите. Загубите се направени со мерки како простување на долговите на граѓаните, укинувањето на радиодифузната такса, одлуки што не ги донел менаџментот. Макрадули е убеден дека компанијата може подобро да работи.
„Ние бевме директно погодени од ковид-пандемијата и по тој основ, како и намалениот обем на работа, добивме помош од Владата. По пропаѓањето на Еуростандард банка, драстично се намали приливот. Во овој момент главната цел е финансиско стабилизирање, елиминирање на непотребните трошоци, наоѓање нови коминтенти и клиенти, повеќе инвестиции во рамките на решенијата што може да ја помогнат финансиската ситуација, пред сè, тоа е процесот на дигитализација и вложување во животната средина. Враќањето на репутацијата што порано ја имаше ‘Пошта’ е приоритет на кој работиме. Средствата што ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите“, рече генералниот директор Макрадули.
Платен промет во „Пошта“ ќе може да се врши најдоцна од 1 март, а договорот со Халк банка ќе се потпише до крајот на месецот, соопшти Макрадули.
„Договорот е во финална фаза. По одобрувањето од Владата, има некои детали што ги договараме. Обврска на банката е најдоцна за два месеца да почне, а јас верувам дека на 1 март в година, граѓаните ќе може да плаќаат. Нашата провизија е најмала, ги молам граѓаните за трпение. До крајот на оваа година ќе го потпишеме и официјално договорот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос
Македонија
Шилегов: Да, барам оставка од „претседателот“ на СДСМ
Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје и член на раководството на СДСМ, бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош !!! М ? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави …“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Подоцна тој објави уште еден статус.
„Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 мин) ДА !!! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ“, напиша Шилегов.

