Македонија
По 20 дена, прекинува потрагата по Мартин, ќе се чека морето да го врати на копното

Прекинува потрагата по Мартин Јовановски, кој исчезна во водите кај Посиди, објави грчката организација ОФКАТ.
Потрагата траеше 20 дена, но напорите на сите што учествуваа, за жал, не вродија со плод, велат од организацијата.
„Денеска се навршуваат 20 дена без Мартин. Напорите за негово лоцирање цело ова време, за жал, не вродија со плод иако ги измешавме морето, копното и небото со секакви средства што ќе ги обезбедиме ние и сите државни субјекти! Мартин не му припаѓа на морето. Мартин ѝ припаѓа на земјата и таму во одреден момент мора да се врати.
Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши работата со надеж дека во одреден момент ќе ни се врати. Се согласуваме со неговото семејство и еве зошто нема да дозволиме случајот да се затвори. На крајот на краиштата, ние им го дадовме нашето ветување на мајка му Лидија и на брат му Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин. Истрагите сега продолжуваат на… друго ниво“, наведуваат од грчката организација ОФКАТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.