Македонија
Првите два ремонтирани хеликоптери се вратија во служба на АРМ
Во касарната „Страшо Пинџур“ во понеделникот во Петровец се одржа свеченост по повод враќањето и ставањето во функција на првите два хеликоптери од составот на Воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија кои минатата година беа испратени на ремонт.
На свеченоста пред присутните единици од составот на Воздухопловната бригада се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски кој во оваа прилика истакна дека е задоволен поради првите резултати од најавената модернизација на Армијата на Република Македонија во однос на Воздухопловната бригада.
„Овие хеликоптери се првите од предвидените десет кои ќе се ремонтираат во периодот од две години за кои Владата на Република Македонија одвои доволно финансиски средства. На почетокот на оваа есен и до крајот на годинава ќе имаме уште четири ремонтирани хеликоптери. Со овие преземени чекори на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, борбената готовност на Воздухопловната бригада ќе се зголеми, а со тоа ќе се овозможи АРМ уште подобро и посигурно да ја извршува својата функција, да биде гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија“, рече Јолевски.
Тој додаде дека заедно со ремонтот на хеликоптерите, истовремено на обука беа пратени и стручни лица кои се здобија со сертификати и кои во иднина ќе ги одржуваат овие воздухоплови.
На денешната церемонија свое обраќање имаше и командантот на Воздухопловната бригада, полковник Роберт Малезански кој најнапред истакна дека овие зафати кои се случуваат во воздухопловната бригада ќе придонесат во извршувањето на мисијата и задачите на бригадата. Тој додаде дека овој започнат процес на ремонтирање на воздухопловите ја зголемува кредибилноста на АРМ како фактор на одвраќање закани по безбедноста на Република Македонија.
Процесот на ремонтирање на хеликоптерите на АРМ е дел од процесот на модернизација на АРМ која започна со формирањето на интегрираните проектни тимови во ноември 2014 година. Овој процес на модернизација е од исклучителна важност, како за одржување на безбедноста, сигурноста и стабилноста на Република Македонија, така и до подигнување на капацитетите и ресурсите и подобрување на стандардот на припадниците на АРМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

