Македонија
(Видео) Првото бебе во Новата година е машко
Првото бебе кое се роди во 2019 година е машко и е прва рожба на 25-годишната мајка Александра Ангеловска од Скопје. Бебето е тешко 3900 грама и долго 52 сантиметри.
„Посакувам Новата Година на сите да им започне како на мене. Го добив најубавиот подарок, ми се исполни најголемата желба. Знаев дека се ближи денот, но не очекувам дека бебето ќе се роди токму оваа ноќ. Се чувствувам прекрасно и упатувам голема благодарност до тимот на Гинекологија, кој ми даваше поддршка се да помине се во најдобар ред“, рече мајката Ангеловска.
На Гинекологија ноќеска се родиле 7 бебиња, од кои шест машки и едно девојче. Дежурната екипа имала доста работа, затоа што добар дел од случаите биле итни, информираа од таму.
Тимот предводен од министерот за здравствео Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, ги посетија мајката и бебето и им посакаа многу здравје.
Царовска на мајката ѝ додели златник, а Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари, плишано мече и бонбониера.
Во текот на минатата година на Клиниката за гинекологија, биле родени вкупно 4630 бебиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

