Македонија
Предлог-законот за правда на децата до крајот на октомври ќе биде доставен во владина процедура
Во изработката на законот за правда на децата учествуваа сите субјекти во системот на правда за децата, УНИЦЕФ и невладините организации. Работната група за подготовка на предлог-законот во процесот на консултации со засегнатите страни посвети особено внимание на препораките за подобрување на законодавната рамка за правда за деца изработени од УНИЦЕФ во Македонија, велат од Министерството.
„Со предложените решенија направен е значаен исчекор со додефинирање на најдобриот интерес на детето, а се очекува да се зајакне и улогата на центрите за социјална работа во примената на ресторативна правда, односно вонсудските постапки за дејство на дете, што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, и да се зголеми заштитата на деца жртви од секундарна виктимизација во согласност со европските стандарди.
Особено се значајни предложените решенија во членовите 97 и 98, во кои е транспонирана директивата на Европскиот парламент за процедурални заштитни мерки за деца што се осомничени или обвинети во кривична постапка и во нив се уредува правото на дете на поука за правата и право да биде придружувано од родителот/старател во текот на испитувањето пред органот што ја води постапката или од друго полнолетно лице определено од детето“, изјави министерот за правда, Лога.
Тој додаде дека ќе се реафирмира системот на специјализација на субјектите во системот на правда за децата со тоа што стручните работници во центрите за социјална работа, судии, јавни обвинители, адвокати и медијатори мора да присуствуваат на специјализирана обука за права на детето и детско престапништво од најмалку пет дена во текот на годината во земјата или странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

