Македонија
„Пресудата за Миле е само почеток, има уште многу за разоткривање“, објави избеганиот експремиер
Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, напиша дека одлуката на судот во Стразбур за Миле Јанакиески е „само почеток на злостворствата правени во изминатите години“.
Тој додаде дека има уште многу за разоткривање, а актерите сѐ уште веруваат дека никој не знае што прават.
Одлуката на судот во Стразбург поврзана со Миле Јанакиески во врска со политичкиот прогон, незаконското работење и самоволието на одредени судии и обвинители, политички мотивираните случаи и репресијата на СДСМ и Заев врз правосудниот систем со цел да ги елиминира политичките противници е само почеток на разоткривањето на злостворствата што беа правени во изминатите години. Има уште многу за разоткривање, а прогонот сѐ уште трае и злосторствата течат. Актерите сѐ уште веруваат дека никој не знае што прават или барем дека нема докази за тоа.
Европскиот суд за човекови права утврди дека на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

