Македонија
Претежно облачно со засилен ветер и услови за дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне со засилен севрен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во понеделник ќе преовладува облачно време, студено и ветровито со засилен северен ветер. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.