Македонија
Приватните автобуси се враќаат на улиците на крајот од месецот, се бара решение и за долгот

Приватните превозници ги враќаат автобусите на линиите по постигнатиот договор со Град Скопје. Претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, за „Макфакс“ посочува дека по 20 овој месец, тие ќе почнат со работа.
„Решение има за линиите. Ќе се пуштат пакетите со линии, односно сите линии ќе учествуваат на јавниот повик. Дојдени сме до целта дека Град Скопје сака да соработува со нас“, посочува Зафировски за „Макфакс“.
Договорот е дека Град Скопје огласот ќе треба да го распише најдоцна до понеделник, на кој тие ќе аплицираат.
„Ние сме останати без работа, тоа е најголемиот мотив. Четири месеци сме без работа. Штетата е огромна“, додаде Зафировски за „Макфакс“.
Во наредниот период ќе се бара решение за долгот од 1,5 милион евра што ЈСП го има кон приватните превозници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за најуспешните спортисти

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски извести дека и оваа година продолжуваат со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување, како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот.
„Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид.
Се работи за прваците за учебна 2024/2025 во:
ракомет – жени ООУ ,,Кузман Шапкарев”;
ракомет – мажи ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”;
кошарка ООУ ,,Кузман Ј. Питу”;
одбојка ООУ ,,Партенија Зографски”
фудбал ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”
Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата.
Ова е дел од нашата стратегија за поддршка на младите и како општина ќе продолжиме со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество.
Наградата се доделува во три категории:
- индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
- категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и
- категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.
Висината на Наградата за младинско учество по категории е следната: 1.000 евра за индивидуална категорија; 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.
За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://shorturl.at/elsC4
Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟧𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.06. до 15.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.