Македонија
Приредувачите на игри на среќа апелираат Пендаровски да не потпишува дислокација на обложувачниците
Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) на протест пред законодавниот дом повторно го изразија својот револт од усвојувањето на законот, за кој пратениците на пленарна седница треба да се изјаснат во врска со измените на Законот за игрите на среќа.
Горан Стоименов од АПИС твдри дека одредбата за дистанцирање од 500 метри за нивните објекти не е за заштита на младите и посочи дека доколку се случи тоа ќе има приредување игри на среќа на црно.
„Срамно е да велат дека се залагаат за ЕУ кога со европско знаменце се затвара најголемиот работодавец во приватниот сектор. Нема да молчиме, ќе има протести, ќе имаме тужба пред Уставниот суд”, рече Стоименов.
Тој апелираше до претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за овој Закон.
Според Васко Илијевски од АСОМ, ова што се случува е клучно за опстојување на индустријата со илјадници вработени.
,,Пратениците ќе бидат само алатка за нечии интереси. Законот ќе донесе загуби за државата, но добивки за некои други за чиј интерес се носи овој Закон. Апелираме до претседателот Пендаровски, внимателно да следи. Претседателе, веќе најавивте дека нема да го потпишете овој Закон, а сите европски претставници и Извештајот на ЕК нотираше злоупотреба на ЕУ знамето. Нашиот сектор брои повеќе од 10.000 вработени”, кажа Илијевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.