Македонија
Пријавени 108 новозаразени од коронавирус, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.411 теста, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес, Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1.
Од вкупниот број позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.411 теста преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-42, Систина-37, лабораторија Лаор-16, Синлаб-17, Ремедика – 16, Плодност-10, Генеа-25, Никоб лаб-66, ВФВ медикал-27, Ели медика плус-6, Ројал медика–3, Спектра-ММ-7, Рапид лаб–12 Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–3 Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 639.
Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146.673, Активни 384
Куманово 16.673, Активни 8
Битола 15.627, Активни 53
Прилеп 14.204, Активни 10
Тетово 13.475, Активни 6
Кавадарци 10.681, Активни 8
Велес 9.789, Активни 6
Гостивар 9.607, Активни 4
Охрид 8.905, Активни 18
Струмица 8.072, Активни 1
Штип 8.058, Активни 20
Кичево 5.649, Активни 9
Кочани 5.090, Активни 1
Струга 4.724, Активни 0
Гевгелија 4.420, Активни 2
Неготино 3.690, Активни 4
Ресен 2.749, Активни 10
Свети Николе 2.632, Активни 5
Радовиш 2.531, Активни 1
Крива Паланка 2.415, Активни 1
Делчево 1.985, Активни 2
Берово 1.679, Активни 5
Дебар 1.677, Активни 3
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.393, Активни 0
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.