Македонија
Променливо облачно време со локален дожд, температура до 30 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите повторно ќе бидат поинтензивни и со услови во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени.
Од утре под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.