Македонија
Продолжено работно време за угостителите во Гостивар, бара Таравари
Советот на Општината, по предлог на градоначалникот Арбен Таравари, се очекува в четврток да донесе одлука за продолжување на работното време за хотелските објекти за уште два часа, информираат од Општината.
Таравари, како што стои во писмениот допис, предлага, наместо до полноќ, во работните денови работното време да трае до 2 часот, а за време на викендите, наместо до 1, да трае до 3 часот.
„Ваквиот предлог доаѓа во време кога нашите сонародници се во својот роден крај, но исто така и за да може кафулињата и рестораните да работат бидејќи подолг период беа затворени поради пандемијата. Градоначалникот Таравари очекува неговиот предлог да наиде на едногласна поддршка од советниците на седницата в четврток, што ќе биде последна на сегашниот состав во согласност со законот бидејќи се очекува да бидат распишани локални избори и овој Совет, освен за итни случаи, нема да може повеќе да се собере. Доколку предлогот помине на Советот, сопствениците на угостителските објекти нема да бидат обврзани да поднесат барање за продолжување на работното време бидејќи сите институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука“, стои во соопштението.
Од Општина Гостивар потсестуваат дека минатата година Општината ги ослободи угостителите од плаќање општински такси со цел да ја ублажи финансиската криза што ја претрпе овој сектор од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

