Македонија
Продолжен рокот на визите за странци
Министерството за внатрешни работи донесе нова уредба со законска сила за примена на Законот за странците за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Се работи за дополнување на уредбата со законска сила донесена на 20.3.2020 година и со неа се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба им истекол краткорочниот престој или виза за краткорочен престој.
Како што се наведува, периодот на престој се продолжува како за времетраење на вонредната состојба така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредната состојба. И во овој случај важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.
„Имајќи предвид дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отворање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, им укажуваме на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат услови за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој во согласност со одредбите од Законот за странците“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

