Македонија
Продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра

Времето утре наутро студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.
Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста. Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени“.
Ексдиректорот Филип Андов- Сокол, како што појаснуваат, претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.
Народот, додаваат од ВМРО-ДПММНЕ, гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
„Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, нагласуваат од оваа партија.
Македонија
Дел од општина Илинден утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре, во период од 08 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата после гробишта во село Марино кон населба Јака и улицата накај гробиштата во општина Илинден.
Македонија
Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција.
Претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.
Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.