Македонија
Продолжува потрагата по третиот исчезнат Македонец на Халкидик
Грчката крајбрежна стража и спасувачки екипи и денеска ја продолжуваат потрагата по 28-годишниот Македонец, кој во саботата исчезна заедно со двајцата другари во водите на Егејското Море кај Посиди, на првиот крак Касандра на Халкидик.
Во саботата тројцата другари прославувале роденден по што решиле да скокнат во морето да се разладат. Според изјавите на мештаните, тие го избегнувале ова место за капење поради лошите морски струи.
По само неколку минути, според изјавите на еден од спасените, тројцата веднаш биле однесени од морските струи во длабокото.
Притоа Васил Брезовски бил пронајден само неколку часа откако се изгубиле, а 30-годишниот Иван поминал 19 часа во водата и, според изјавите на спасувачите, на површината на морето се одржувал со помош на топка што случајно ја нашол.
Во потрагата по исчезнатиот, според последните информации, учествуваат два патролни брода, седум чамци и еден хеликоптер. Потрага се спроведува и по брегот со неколку патролни возила и спасувачки екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.