Македонија
Променливо облачно, попладне со локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

