Македонија
Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ: Јаневска со порака да продолжат да живеат и работат во Македонија
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја поздрави новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФИНКИ), со порака да продолжат да стекнуваат знаења и вештини, како најдобар начин за остварување на нивните животни цели. Министерката се заблагодари на наставниот кадар, семејствата и најблиските кои се вградени во успесите на студентите.
„Најголемото признание денес го добиваат овие млади луѓе, за кои дипломата е завршување на едно поглавје и почеток на друго – академско, професионално, животно. Како министерка, посакувам да продолжите да живеете и работите овде, во својата земја, и да помогнете во нејзиниот развој. Тука сте најпотребни“, рече Јаневска.
Посочувајќи дека Владата е максимално посветена на младите, Јаневска нагласи дека во делот на високото образование ќе следат крупни промени насочени кон унапредување на неговиот квалитетот. Во рамки на реформите се разгледуваат различни решенија, а меѓу нив е и тоа за гарантирано вработување на најдобрите студенти во една генерација, на јавните универзитети и научни установи.
Министерката за образование и наука укажа дека ФИНКИ конечно ќе го добие новиот објект во текот на мандатот на оваа Влада и дека сите заедно треба да работиме за да се реализираат заложбите за квалитетно образование и добра работа во Македонија.
Обраќањето Јаневска го заврши со изразување сочувство до семејството на починатиот студент на ФИНКИ во несреќата во Кочани. На повредените четворица студенти им посака поскоро закрепнување и продолжување на патот до остварување на поставените животни и професионални цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

