Македонија
Протестно писмо на Созујот на дијабетичари на Македонија: Осум месеци во годината сме оставени самите на себе
Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија преку јавно протестно писмо го изрази својот револт и став дека е недозволиво осум месеци да нема инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер.
Писмото го пренесуваме интегрално.
„Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец! Предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени. Доста е!
Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво осум месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема?!
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7 460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135 690.
Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Доколку тука ги додадеме и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во нашата држава се соочува со последиците од дијабетесот.
Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци.
Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта.
Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување.
136 илјади граѓани во оваа држава немаат финансиски средства самите да си ги обезбедат потребните медицински помагала или потребната терапија за справување со нашата дијагноза – дијабетесот. Знаете како се снаоѓаме? Во 21-виот век, ние пациенти меѓу себе си разменуваме од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.
Недозволиво е во оваа држава пациентите со дијабетес да бидат оставени точно 8 месеци без ленти, игли и апарати за следење на шеќерот во крвта.
Недозволиво е кога државата секојдневно се расфрла со непродуктивни трошоци, пациентите со дијабетес буквално да молат за лек и помагала којшто треба регуларно да им следуваат.
Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти!
Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?!
Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала.
Постојаниот недостаток на терапија и помагала значи игнорантен однос на јавното здравство и институциите кон 136 илјади граѓани, значи непостоење грижа од оној кој е платен и задолжен за тоа да се грижи. Отворено прашуваме, дали ова значи дека нашите животи и нашето здравје не вредат ништо во оваа држава.
Секоја година апелираме, јавно молиме, притискаме да добиеме терапија и помагала за да можеме нормално да функционираме со нашите секојдневните животни активности.
Неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури. Тоа е недозволиво од страна на државата!
Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели: „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, „ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има“, „крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)“ и т.н.
Не само неодговорно, суров е ваквиот однос кон пациентите со дијабетес!
Кога станува збор за здравје и за живот, политика не смее да има! Државата мора да го стави здравјето на секоја индивидуа на врвот на приоритетите. Не може тоа да биде последно на листата, а потоа одговорните да се фалат колку многу вложиле за дијабетичарите во здравствениот сектор! За жал и тоа во што сте вложиле не го реализирате до крај така како што треба за да имаме ние пациентите бенефит од тоа.
Ако на нешто сме особено горди тоа е што како Сојуз, но и како пациенти имаме континуирана поддршка од граѓаните, но и од медиумите за подобрување на нашата состојба.
Медиумите се тие кои што од самиот почеток нѐ поддржуваат и заедно со нас се борат редовно да ја добиваме терапијата без никаков застој.
Почитувани, Ви благодариме за сета поддршка и несебично вложување, за сите објавени наши апели, изјави, соопштенија, прес-конференции.
Денес (10.08.2023г.) после, средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, вие како Министерство за здравство и писмено ни ветивте:
– Антидијабетна терапија за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год.
– Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека нема да ги добиеме дадовме уште 10 дена!
Денес нема ленти и глукомери! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас!
Денес има парцијална антидијабетна терапија само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!
Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!
Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!
Ќе бидеме сѐ погласни и нема да се откажеме! Ние немаме друга опција освен да Ве потсетуваме дека сме тука, дека не можеме да имаме разбирање за секој Ваш административен проблем и да Ви кажеме дека како граѓани на оваа држава Ве бираме Вас политичарите да ни го обезбедтите она што ни следува, во количина и во време кога имаме реална потреба од тоа.
Нас, од сега ќе не среќавате по правните процедури, можеби државата нема многу правда но пациентите – Лица со Дијабетес на инсулин, битката ја пренесува со поведување на правна постпака за сите овие 9 месеци, во која ќе бараме Одговорност, Обештетување и сериозна промена на цел „дефектен систем“, нема да Ви допуштиме и понатаму со лажни “ветувања” и “информации” да купувате време кое за нас е скапоцено. На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

