Македонија
Противпожарни екипи од Тетово заминаа за Турција да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот
Република Турција се соочува со вонредна ситуација поради земјотресот што погоди неколку градови на југоистокот на Турција.
Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ во овие тешки денови, а кој има потреба од пронаоѓање и спасување на луѓето што останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес, испратија специјализирана и лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди кон Турција.
„Во знак на солидарност и поддршка група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување, заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од Општина Тетово.
И вчера градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди делови од Турција.
„Во овие тешки моменти стоиме во солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес кој ги погоди неколкуте градови на југоистокот на Турција. Сочувство за изгубените животи, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување!“, напиша Касами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.