Македонија
Професори од 15 земји во Охрид расправаат како да се реформира безбедносниот систем
„Свесноста за потребата од реформи, независно за кој општествен сегмент станува збор, е во суштина доказ за квантумот на одговорност, на зрелост, на волja на сите општествени чинители за динамично и квалитативно надградување на сите општествени системи. Реформите мора и треба да се разберат првенствено како нужност, а во името на воспоставување повисоки, поефикасни, пофункционални општествени вредности и стандарди. Неопходност од која директно зависи стабилноста, развојот и перспективите на кое било општество“. Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на деветтата по ред меѓународна конференција насловена како „Реформите на безбедносниот систем како предуслов во евро-атланските интеграции“.
Конференцијата во наредните два дена ќе се одржува во хотелот „Метропол“ во Охрид во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, и под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
Како што истакна Спасовски, „безбедноста, сеопфатно сфатена, сосе сите нејзини сегменти (институционален, нормативен, концепциско-оперативен, кадровски и друго) колку што е внатрешен, национален, односно општествен предизвик, во иста мера, еве веќе неколку децении, е и глобална, меѓународна тема – пар екселанс – која има свое неспорно големо влијание и врз севкупните актуелни геополитички, глобално-економски и цивилизациски токови“. Според Спасовски, сосема е легитимно и потребно науката да биде првиот чинител којшто ќе се фати во костец со сите такви предизвици, трагајќи по идеи, сознанија, предлози – како, што, и на кој начин да се стигне до оптимални и реформски настроени решенија.
На конференцијата присуствуваат професори од над 15-тина земји меѓу кои од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Белгија, Бугарија, Словачка, Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Обединетите Арапски емирати, Косово и други, а целта е да се поттикне академската заедница во изнаоѓањето решенија за идната поставеност на безбедносните системи со цел ефикасен одговор на современите ризици и заканите по безбедноста, односно дестабилизирачките фактори кои создаваат состојби на конфликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

