Македонија
Проф. д-р Тониќ-Рибарска: Концептот на намалување штети може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот
Неодамна беше презентиран мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ спроведен од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската Академија на Науките и Уметностите. Проектот како дел од работната програма на МАНУ се спроведува во соработка со членови на Академијата во други центри и со останати научни институции од областа на предметот на истражување.
Главен заклучок од спроведениот проект е дека „Науката го препознава концептот на намалување на штетите при креирањето на политиките“, а неговото изведување е поттикнато од научните истражувања и сознанија кои го акцентираат пушењето цигари како еден од најзначајните ризик фактори за појава на хронични незаразни болести, влијаејќи на квантитетот и квалитетот на човековиот живот.
Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска од Фармацевтскиот факултет во Скопје, се појави како еден од презентерите на овој проект. Таа се осврна на здравствените импликации од пушењето и релацијата помеѓу хемијата на тутунот и никотинот, истакнувајќи дека изнаоѓањето на алтернативни начини на задоволување на потребата од никотин, базирани на производи кои се карактеризираат со помала штетност во однос на цигарите е важна гранка од современата наука и технологија.
„ Бројни релевантни научни студии истакнуваат дека цигарите предизвикуваат извонредно сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, хронична опструктивна белодробна болест, емфизем, рак на белите дробови, зголемена подложност на различни инфективни болести. Штетата што ја предизвикува пушењето на цигари е повеќеслојна и сложена. Изложувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии кои во најголема мера се создаваат при процесот на согорување на тутунот, е главната причина за развој на болести поврзани со пушењето“, посочи Тониќ Рибарска.
Според неа, концептот на ,,намалување на штетата” од користење на тутунот може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од тутунот во согласност со активностите за промоција на јавното здравје. „Суштината на овој концепт е престанување со пушење како најдобра опција, но на останатите кои не можат да се откажат од оваа навика, им се дава сугестија за користење на помалку штетни производи кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот“.
Од друга страна, Тониќ Рибарска смета дека тутунските производи со модифициран ризик се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни материи, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите.
„Штетните здравствени ефекти од пушењето се примарно предизвикани од хроничната изложеност на токсични супстанции кои се формираат при согорувањето на тутунот, а не од самиот никотин. Иако никотинот не е без ризик и предизвикува зависност, сепак тој не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето“, нагласи професорката.
Несогорливите производи од тутун, односно електрично загреаните тутунски производи претставуваат понова категорија производи, којашто се базира на иновативни технологии кои
континуирано се развиваат и подобруваат, а се развиени со цел да се намали ризикот поврзан со пушење цигари кај возрасни пушачи, кои немаат намера да се откажат од пушење.
„ Податоците од научните анализи укажуваат на намалена токсичност во аеросолот присутен кај оваа нова категорија на производи. Овие производи го загреваат тутунот на температури доста пониски од температурата која е потребна за да дојде до согорување, така што се генерира аеросол кој содржи никотин, но и значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни хемикалии (HPHC) за разлика од чадот од цигарите“, истакна Тониќ Рибарска.
Според неа, за да се демонстрира дека целосното преминување на несогорливи тутунски производи ја намалува штетноста врз здравјето, потребно е да се направи споредба со ефектите од континуираното пушење, како и со ефектите кои ги има откажувањето од пушење.
„За добивање на дефинитивни одговори на прашањето дали овие производи го намалуваат ризикот од развој на болести, неопходни се долгорочни епидемиолошки студии, а доколку навистина го намалуваат, тоа намалување треба да може квантитативно да се определи. За таа цел, овие производи треба да бидат достапни на пазарот подолг временски период и треба да бидат користени од голем процент од пушачите. Со оглед на фактот дека станува збор за здравјето на корисниците на овие производи, неопходна е темелна карактеризација на сите хемиски ентитети генерирани од ваквите производи и евалуација на нивната потенцијална штетност“, заврши Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица
Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните“.
„Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна функција. Кога пратеник свесно користи материјал произлезен од следење на синдикален претставник и тоа го пласира во јавноста како средство за дискредитација, станува збор за злоупотреба на мандатот и грубо деградирање на парламентарната функција“, велат од Левица.
„Пратеник е носител на народен суверенитет, лице на кое граѓаните му ја доверуваат законодавната моќ со обврска да постапува разумно, одговорно и во јавен интерес. Мандатот не е привилегија за демонстрација на сила, туку обврска за заштита на достоинството на граѓаните и на демократскиот поредок. Кога некој ја користи функцијата за таргетирање поединци, за вовлекување семејства и деца во политички пресметки и поттикнување атмосфера на заплашување, тој престанува да ја остварува суштината на пратеничката улога и ја сведува функцијата во параван за партиска агресија.
Наместо извинување и повлекување, денес гледаме дополнителна вмровска дрскост! Ем шуто, ем боде. По извршениот чин, се обидуваат да ја релативизираат одговорноста и да глумат жртви, навредувајќи ја интелигенцијата на народот.
Дафина Стојаноска, пратеничка која години наназад е симбол на политичка привилегираност, која цел круг на фамилија го има вдомено во државните институции, со шест стана, меѓу кои и четири во Скопје, а сепак со енормни патни трошоци кои ги наплатува од државната каса – денес си дозволува да таргетира синдикалист кој бара повисоки плати за работниците! Токму тој јаз меѓу комфорот на отуѓената вмровска елита и секојдневната борба на граѓаните ја разголува суштината на проблемот – привилегирана класа која паразитира од јавни средства, а се пресметува со оние што бараат достоинствен живот.
Токму затоа, нејзината одлука да таргетира синдикален лидер кој се бори за повисоки работнички плати ја прави уште понедостојна за функцијата. Таа не ги брани интересите на граѓаните, туку активно учествува во кампања против нивното организирање.
Нема никакво оправдување за објавените снимки од малолетни деца во нејзината налудничава пресметка. Нема никакво оправдување за користење илегално снимени материјали кои очигледно произлегуваат од организирано демнење и следење. Нема никакво оправдување за вакво однесување од носител на јавна функција, кое ги помина сите граници на пристојноста и е чисто кривично дело!
Пратеник кој свесно ги преминува границите на приватност, пристојност и интима – очигледно не си ја разбира обврската како народен претставник, па не ни заслужува да седи во законодавниот дом. Пратеничката функција треба да е сосема спротивно од ова што го демонстрира Дафина Стојаноска!
Оставката на Дафина Стојаноска е чин што барем минимално би го ублажил овој скандал и срам за Собранието“, се вели во соопштението на Левица.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.

