Македонија
Пуштени во употреба два нови апарата на Клиниката за очни болести
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја посети Универзитетската клиника за очни болести, каде што се ставени во функција два нови апарата – рет кам фотокамера за рана детекција на ретинопатија кај предвремено родените деца и ангиограф за детекција на промените во крвните садови кај одредени болести, како што е глаукомот. Станува збор за прва камера од овој тип во земјата, која претставува нов златен стандард за дијагноза на прематурна ретинопатија.

Со оваа медицинска опрема нашата држава е ставена на светската офталмолошка мапа за современа дијагноза на прематурна ретинопатија, како и нејзин навремен третман. Клиниката за очни болести претставува позитивен пример за работа на јавна здравствена установа, каде што во континуитет се вложува во унапредување на условите за работа, во современа апаратура, како и едукација на висококвалификуваниот медицински кадар. Конкретно, станува збор за апарат за преглед на предвреме родени деца, со што точноста на дијагнозата се зголемува 35 отсто, се намалува можноста за појава на слепило кај предвреме родените деца и претставува целосно интегриран систем, кој овозможува следна генерација на офталмолошка визуализација, фотодокументација и леснотија при користењето.
Апаратот, задносегментно ОЦТ со автофлуресценција и ангиограф со свап, ќе овозможи брзо, точно и навремено поставување на дијагнозата, што е основен предуслов за успешен третман. Покрај здравствениот аспект, како институција во која се изведува и наставна и научноистражувачка дејност, методата ќе овозможи и едукација на помладите кадри и користење на апаратот за подигнување на квалитетот на лекување на пациентите како континуирана примарна цел на здравствените работници.
Универзитетската клиника за очни болести Скопје го следи трендот на развојот на модерна офталмологија во технички и технолошки развој во насока на брза, навремена, безболна, бесконтактна дијагностика, со можност за правење датотека на податоци и можност на комуникациска поврзаност со други офталмолошки центри. Во тек е доедукација на медицинскиот персонал од странски едукатори, кои обуката ја вршат на Клиниката за очни болести, каде што клиничките лекари ги извршуваат прегледите. Од неодамна е набавен и трет апарат – предносегментно ОЦТ со свап сорс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

