Македонија
Работна средба на Димитров со постојаните претставници на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во Брисел ќе има работна средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската Унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската Унија.
На средбата со соговорниците министерот Димитров ќе ги сподели очекувањата на Република Македонија за напредок во пристапниот процес, а ќе ги информира за напредокот што е постигнат во клучните реформски области и во унапредувањето на доборососедските односи, со фокус на имплементацијата на договорот од Преспа.
Димитров ќе ја искористи можноста на средбата да побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, извести АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.