Македонија
Радев и Јотова спроведуваат екстремна политика на негирање кон Македонците – Николоски пред Советот на Европа
Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Европа.
Посочи дека во Нацрт-резолуцијата се нагласува дека политичарите и политичките партии треба да бидат во првите редови и да одговорат на крајниот десничарски екстремизам, како во јавната одбрана на човековите права и демократските принципи, така и во недвосмисленото отфрлање на сите форми на расизам и нетолеранција, тоа е нешто што мора да го направиме овде.
„Крајно десничарската идеологија можеме да ја најдеме во многу земји-членки на Советот на Европа.
Сакам да го потенцирам примерот на Бугарија, каде претседателот на државата Румен Радев и потпретседателката Јотова спроведуваат крајно десничарско екстремистичка политика. Радев и Јотова го користат членството на Бугарија во ЕУ за да и наметнат вето на Македонија, барајќи од Македонците да ја променат историјата, јазикот и културата за да започнат преговори за пристапување.
Истовремено, тие не им даваат никакви човекови права на Македонците кои живеат во Бугарија, лишувајќи ги од правото на самоопределување, употреба на мајчин јазик и право на образование и здружување. Во последните месеци тие отидоа чекор понатаму барајќи од Македонците во Албанија да го сменат идентитетот од Македонци во Бугари. Во Албанија никогаш немало Бугари и со векови живеат Македонци. Но, Бугарија ја уценува Албанија со нејзиниот напредок кон ЕУ барајќи од нив да им наметнат нов идентитет на своите граѓани. Ќе се согласите дека ова не се европски вредности. Ова е крајно десничарски екстремизам и идеологија што се случува во 21 век. И затоа треба да се бориме“, нагласува Николоски во својот говор.
Тие, како што вели, ги користат сите средства за да најдат ваков идентитет таму каде што не можат да најдат.
„На граѓаните им нудат пасоши кои се и ЕУ пасоши само за да се изјаснат поинаку од тоа што се. Тие го злоупотребуваат своето членство во ЕУ за да го променат националниот идентитет. Затоа барам ЕУ да ја преиспита својата политика кон Бугарија и да не дозволи злоупотреба на нивното право на државјанство и пасоши за политички цели и промена на националниот идентитет.
Така Бугарија го продолжува овој пример на национална асимилација. Го уценуваат Македонецот, ставаат вето и ја запираат Македонија да стартува преговори за членство со ЕУ, исто така не ги почитуваат човековите права на Македонците во Бугарија и не ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ја уценуваат Албанија обидувајќи се да најде идентитет што не постои.
Нема да успеат. Но, ова е најдобар пример за крајно десничарска идеологија, и затоа го поддржувам овој извештај кој треба да даде насоки во борбата против овој крајно десничарски екстремизам и крајно десничарска идеологија“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

